Екссопругот на Камила, војвотката од Корнвол, позитивен на коронавирус

Англија– Ендру Паркер-Боулс (80) беше еден од многуте присутни на Фестивалот Челтенхам на почетокот на овој месец, а сега објави дека е позитивен на коронавирус, пренесува „Телеграф“. Годишната манифестација на трки со коњи траеше како што беше закажано помеѓу 10 март и 13 март и покрај стравувањата околу смртоносната болест на респираторниот систем, привлекувајќи над 250.000 луѓе во текот на четири дена.
Паркер-Боулс, кој го објави својот развод од Камила во 1995 година по 22 години брак, беше забележан со принцезата Ана, 69-годишната ќерка на кралицата Елизабета, најмалку два дена за време на настанот. Ќерката на Ана, Зара Тиндал, исто така беше во близок контакт со него на 10 март, првиот ден од фестивалот.
Веста доаѓа веднаш откако сопругот на Камила, принцот Чарлс објави дека е
позитивен на Ковид-19 на 25 март. Чарлс (71) е во „добра здравствена состојба“, велат извори и дека неговиот седумдневен период на самоизолација заврши.
„Кларенс Хаус потврди денес дека, откако се консултирал со неговиот лекар, принцот од Велс сега не е во изолација“, рече портпаролот во понеделникот.
Двојката моментално престојува во Бирхал, нивниот дом на имотот на кралицата Елизабета, Балморал во Шкотска и двајцата преземаат мерки за да се изолираат едeн од друг. Камила (72) исто така била тестирана и било откриено дека нема вирус.