Експресно исчистен кругот на болницата „8 Септември“


Откако пред два часа објавивме дека во кругот на болницата „8 Септември“ има расфрални болнички кревети, крпи, ракавици, марамчиња, делови од мијалници и друго, тревникот беше експресно исчистен.

Таму каде што пациентите чекаа преглед, повеќе нема ни лисје на тревата.

Контејнери и канти за отпадоци се наредени покрај ѕидот на болницата, а целата околина изгледа пристојно.

Оваа болница речиси од почетокот на ковид кризата, кога се пополни капацитетот на Инфективната клиника во Скопје, се користи за згрижување болни со Ковид-19,  а во моментот таму се лекуваат 79 пациенти со корона вирус.