Експлозија во германски рудник, 38 луѓе заробени под 700 метри под земја


Повеќе од 30 лица останале заробени во рудник во централна Германија, откако во наоѓалиштето одекнала силна експлозија. Според првичните информации, повредени се двајца рудари.

Експлозијата се случила во 9 часот наутро во германската сојузна држава Саксонија.

Заробените рудари, наводно, се безбедни во засолништето. Во тек е акција за спасување. „Билд“ пишува дека 38 лица останале 700 метри под земја.

Рудникот Тојтшентал, кој работи од почетокот на минатиот век, беше затворен во 1982 година, а во текот на изминатите 15 години, површина од 14 квадратни километри е претворена во депонија за минерален отпад.
Претходно, рудникот бил наоѓалиште на калиум.