Експлозија на аеродромот во Јемен откако слета државниот врв


 

Непосредно по слетувањето на новоформираниот државен врв на Јемен на аеродромот во Аден, одекна силна експлозија, јавува АП.

За сега не епознато што ја предизвикало експлозијата, ниту дали има жртви меѓу членовите на државната делегација, но АП дознава од функционери кои биле присутни таму, а кои инситираат на анонимност, дека на пистата околу аеродромот може да се видат човечки тела.

На снимките споделени на социјалните мрежи се гледаат урнатини и стакло и најмалку две безживотни тела, од кои едното е потполно јагленисано.

Формирањето на новата влада се сметаше за голем исчекор кон смирување на непријателстовото меѓу меѓународно признатата влада која ја поддржува Саудиска Арабија, сепаратистите на југот на Јемен кои ги поддржува ОАЕ и проиранските бунтовници Хути, кои го контролираат поголемиот дел од територијата на север на Јемен.