Експлодираше трикатна зграда во Хаг, се бараат преживеани (ВИДЕО)


Експлозијата во трикатницата одекнала во текот на ноќта во Хаг, по што дел од зградата се урнал, а остатокот го зафатил голем пожар кој се уште не е целосно изгаснат. Досега четири лица се извлечени живи од урнатините, а се трага по останатите жртви.

Се стравува дека најмалку 20 лица загинале како последица на експлозијата и последователниот пожар што зафати трикатна станбена зграда во хашкото предградие Тарвекамп. Силна експлозија одекнала во ноќта во саботата.

Сите итните служби излегле на терен, а во првите часови по несреќата четири лица биле извлечени од урнатините и префрлени во болница. Оштетени се и неколку околни згради, а пожарот кој избувна се уште не е целосно изгаснат, пишува холандски RTL.