„Економист“: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите за претседател во САД
Англија – Економист му дава 93 проценти шанса на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден да победи на претседателските избори на 3 ноември.
Магазинот ја ажурираше својата прогноза дека Бајден има 93 отсто шанси да освои најмалку 270 гласови во Изборниот колеџ. Прогнозираат дека ќе добие 421 глас во Изборниот колеџ, што би значело победа во битката против претседателот Доналд Трамп.
Економист, исто така, проценува дека Бајден има 99 отсто шанси да добие најмногу гласови.
Според магазинот, Трамп има 7 отсто шанси да победи на Изборниот колеџ и еден отсто шанса да добие повеќе гласови од Бајден. Во десетте клучни држави што ќе го одредат победникот, Бајден има добро водство во седум од нив, а Трамп само во една – Тексас.
Во Њу Хемпшир, Бајден води со 8 отсто, Минесота со 8 отсто, Мичиген со 7 отсто, Висконсин со 7 отсто, Невада со 6 отсто, Пенсилванија со 6 отсто, Флорида со 4 отсто, Аризона со 3 отсто и Северна Каролина со два отсто. Трамп води со два отсто во Тексас.