Екоинспекторите ни стареат и се пензионираат, за нови се чека Министерството за финансии
Инспекторатат за животна средина кубури со инспектори, односно од систематизацијата која предвидува 50, тие имаат само 25, или точно половина.
Многу често се соочуваат со состојба кога не можат да извршат инспекција некаде, затоа што еден или двајца инспекотри се на боледвање и тоа по три месеци, но од Министерството за животна средина велат дека ќе се обидат да издејствуваат одобрување пари за плати на нововработени инспектори од Министерството за финансии.
За да биде појасно колку ионспектори фалат, доволно е да се напомене дека Куманово, Битола, Струмица, прилеп се потполно без инспектори за животна средина, а оној во Охрид, ја опслужува и Струга, каде пак треба да се усогласиме со барањата на УНЕСКО.
На брифингот беше посочено дека оваа година ја започнале со двајца инсектори помалку поради заминување во пензија.
До Министерството за финансии е испратено дека има потреба од нови вработувања и сега оттаму чекаат колку финансиски средства ќе им бидат одобрени за таа цел. Но, и откако ќе се одобрат, новипримените инспектори, не можат веднаш да започнат со работа и контрола, да влезат во големи субјекти, туку треба да почнат според коефициентот на сложеност на работа.
Лани со околу 15 инспектори на располагање направиле 1.772 надзори, издале 530 решенија, седум кривични и 32 прекршочни пријави и иницирале казни од над 600.000 евра. Во систематизацијата имаат предвидено 50 вакви работни места, моментално се пополнети 25, но во просек пораки боледувања, одмори дневно на располагање имаат околу десет инспектори. Повеќе големи градови во државата, како Куманово, Битола, Прилеп немаат ниту еден инспектор, а во градот Охрид, кој е заштитено подрачје на УНЕСКО има само еден и тој ги покрива и Струга и Ресен.