ЕК суспендира дел од исплатата на средства за Бугарија поради неспроведување препорака за борба против корупцијата

Брисел – Европската комисија даде позитивна оценка по второто барање на Бугарија за исплата на средства во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност (РРФ), но утврди дека едно барање поврзано со телото за борба против корупцијата не е исполнето, поради што реши да одобри само делумна исплата на поддршката, изјави денеска портпаролот на ЕК за кохезија и реформи Мачеј Берестецки.
– Станува збор за постапка за делумна исплата, при што во оваа фаза не ја објавуваме сумата, но испративме писмо до Бугарија во кое ги информиравме за износот што ќе биде суспендиран доколку оваа препорака не биде исполнета, рече Берестецки.
Тој додаде дека Бугарија сега има рок од еден месец да одговори на забелешките и ако по добиениот одговор ЕК оцени дека препораката се уште не е исполнета, тогаш ова исплатата ќе биде суспендирана за уште шест месеци.
На прашање за потврда на износите што го соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков, кој изјави дека Европската комисија во рамките на РРФ на Бугарија ќе и исплати 440 милиони евра, додека преостанатите 200 милиони засега ќе останат замрзнати, Берестецки повтори дека во оваа фаза ЕК нема да соопшти за колкава сума станува збор, додавајќи дека таа им е позната на бугарските власти и не претставува изненадување ако тие ја обелоденат.
Европската комисија претходно соопшти дека дала светло за делумна исплата на средства од втората рата во рамките на РРФ за Бугарија, откако е утврдено дека земјата исполнила 58 од 59-те препораки и поставени цели, но не посочи за колкава сума станува збор.
Неисполнетата препорака поради к