Египќанка во седмиот месец на бременоста победи на Олимписките игри
Египетската мечувалка Нада Хафез(26) оствари чудесен резултат, ги освои Олимписките игри во седмиот месец од бременоста.
Оваа храбра идна мајка, не се откажа од своите соништа и неколку недели пред породувањето дојде во Париз. Третиот ден на натпреварувањето ја совлада Американката Елизабет Тарковски со 15:13.
После кратката прослава по победата зборуваше со емоции.
„Што се случува кога двајца натпреварувачи се всушност три. Бев тоа јас, мојот противник и моето бебе кое наскоро ќе се роди. Моето дете и јас поминавме низ многу предизвици, физички и емотивни. Бременоста е тешка сама по себе, а борбата да се одржи рамнотежата меѓу животот и спортот беше тешка, но вредна“, рече таа.
Додава дека е среќна и горда што победила.