Египет, Ирак и Јордан издадоа соопштение: Израел не води во општа војна


Министрите за надворешни работи на Египет, Ирак и Јордан ги осудија израелските напади врз Либан, предупредувајќи дека може да има сеопфатна војна.

Во заедничката изјава објавена по средбата на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, министрите навеле дека разговарале за „сериозната ескалација што се случува во регионот“.

Тие посочија дека ескалацијата на конфликтот може да се спречи со запирање на израелската агресија врз Газа.

Министрите ја повикаа меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН да ја преземат својата одговорност за запирање на војната, нагласувајќи дека Израел сноси целосна одговорност за ова влошување, кое ќе има сериозни последици за регионот.

Десетици илјади луѓе избегаа од јужен Либан без идеја каде да најдат сигурност, бидејќи во интензивните израелски бомбардирања низ Либан загинаа најмалку 569 луѓе, меѓу кои 50 деца.