Едукативен еко-час на Пелистер за Пелистер
Јавната установа Национален парк „Пелистер“ во Инфо центарот на установата, приреди едукативен час за значењето и вредноста на Националниот парк Пелистер посветен на најмладите генерации.
Еколошката едукација ја промовира директорот на установата Иванчо Тошевски, кој истакна дека екологијата и свеста за животната средина почнуваат од младите генерации.
-Денеска одржавме состанок на кој присуствуваа директорите на основните и средните училишта од Битола и договоривме активности за 2025 година. Националниот парк Пелистер продолжува со еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа и тоа е наш приоритет, посочи Тошевски.
Соработката меѓу ЈП Национален парк „Пелистер“ и училиштата во Битола се одвива согласно програмата за еколошка едукација и јакнење на свеста кај најмладите категории на граѓани, потврдија од националната установа.