Едно од ретките места во светот без корона, ги забележа првите два случаи
Маршалските острови, едно од последните места на светот недопрено од короната, ги забележаа првите два позитивни случаи на корона вирус, пишува Би-би-си.
Владата на овој пацифички архипелаг објави дека двајца работници од САД се позивитни на корона вирус откако се вратиле од Хаваите во вторникот.
Двојката допатувала со воен авион и од моментот на сознание дека се ковид позитивни сместени се во карантин, а двајцата се асимптоматски случаи.
Инаку, Маршалските острови ги затворија границите уште во март за да спречат продор на вирусот. Властите велат дека заразената двојка спаѓа во строго гранични случаи. Се работи за 35-годишна жена и 46-годишен маж кои веднаш се изолирани без опасност за понатамошно ширење на вирусот во заедницата.
Властите додаваат дека безбедносните мерки обезбедиле тие да немаат контакт со заеднивата на Маршалските острови.