Едно лице убиено три повредени во руски напад врз Сумската област на Украина


Едно лице загина, три се повредени во руски напад извршен од воздух врз  градот Шостка во Сумска област, соопшти денеска началникот на Сумската регионална воена управа Олег Григоров.

Григоров на платформата „Телеграм“ наведува дека Русите го гаѓале градот со наведувани авио-бомби (КАВ), а меѓу повредените е 29-годишна жена во критична состојба.

Идентиитетот на загинатата 59-годишна жена е утврден, а меѓу повредените има и нејзини роднини. Бомбардирани се приватни куќи и една висококатница, а последиците од нападот се уште се истражуваат.