Едно лице е убиено при напад во училиште во Финска


 

Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, кога еден напаѓач извадил меч и прободел колку што можел луѓе во училиште сместено во трговски центар во Финска.

Инцидентот се случил утрово во градот Куопио во источниот дел на земјата, јави АП.

Полицијата соопшти дека едно лице загинало, а дека уапсен е напаѓачот.

Според медиумите, инцидентот се случил во занаетчиско училиште.

Како што раскажува очевидец, напаѓачот одеднаш извадил меч и почнал да ги прободува луѓето кои биле најблиску до него.

„Негов соученик е еден од прободените“, вели очевидецот.

Полицијата стигнала на местото на настанот и употребила оружје за да го совлада напаѓачот.