Една од највисоките згради во светот се наоѓа во Русија: Ја следат контроверзи, а се отвора годинава
Иако центарот „Лахта“, една од највисоките згради во светот, беше отворен во 2018 година, граѓаните на Санкт Петербург и бројните туристи ќе имаат целосен пристап до овој импозантен објект дури од оваа година.
Кулата висока 462 метри беше официјално отворена во 2018 година и во неа се наоѓа седиштето на „Газпром“. Сепак, внатрешните простори беа завршени доста доцна, па сите вработени во рускиот нафтен гигант можеа дури оваа година да се вселат во оваа зграда.
Покрај за вработените, кулата ќе биде отворена и за сите жители, а околните објекти, вклучувајќи ги насипите и кафулињата, веќе се отворени за граѓаните.
„Граѓаните ќе имаат пристап до панорамска опсерваторија и планетариум. Кафулето кое веќе е отворено во внатрешноста на зградата привлекува внимание со прекрасниот поглед од прозорецот и спектакуларните скалила кои станаа своевидна атракција на Инстаграм“, пишуваат руските медиуми.
View this post on Instagram
Инаку, изградбата на оваа кула ја одбележаа бројни контроверзи, меѓу кои и протести на граѓаните кои изразија незадоволство од плановите на „Газпром“ да го прошири деловниот комплекс и да изгради уште неколку кули до постојниот.
„Сѐ што имам е вложено во оваа куќа, не сум задоволен од евентуалната исплата, без разлика на интересот на државата“, вели еден од жителите на овој дел.
Исто така, на интернет се појави петиција против изградбата на Лахта Центар 2 и Лахта Центар 3.
Иако кулата беше отворена во 2018 година, Владимир Путин погледна во нејзината внатрешност дури во јуни оваа година.
Кога станува збор за други детали кои го красат делот околу самата кула, руските медиуми ги истакнуваат и знамињата поставени од компанијата Газпром.
„Во околината на облакодерите се наоѓаат и знамињата на Руската империја, СССР и државното знаме на Руската Федерација, симболизирајќи го, според авторите, континуитетот на државните традиции. Знамињата со димензии 40 на 60 метри тежат 547 килограми: не можат да летаат при силен или слаб ветер, силен дожд или снежни врнежи Набавката и поставувањето бандери го чинеа Гаспром две милијарди рубљи“, пишуваат руските медиуми.