Единбург на седум мориња


Во јужниот дел на Атланскиот Океан, 2.816 километри од Јужна Африка и 3.360 километри од Јужна Америка, се наоѓаат островите Тристан да Куња, на кои единствена населба е градот Единбург на седум мориња, кој се смета за едно од најзафрлените населби на светот.

Доаѓањето на островот, кој прв го здогледам португалскиот морепловец Тристан да Куња во 16 век и главниот од нив го нарекол по себе, претставува вистински потфат кој вклучува шест дена патување со брод од Јужна Африка, кој сообраќа само осум-девет пати годишно.

Површината на островот изнесува 98 километри квадратни и му припаѓаат уште неколку ненаселени острови: Несотижниот остров, Островот на славеите и островот Гоф.

Според податоците од 2019 година, на Тристан живеат 264 луѓе, од кои повеќето се занимаваат со земјоделство, риболов, работат во јавната управа и главно живеат на територијата на Единбург на седум мориња. Населбата е оддлаечена 2.173 километри од најблиската копнена маса, островот Света Елена.

Населбата е наречена по принцот Алфред, војводата од Единбург, вториот син на кралицата Викторија, кој го посетил во 1867 година, а го основал наредникот Вилијам Глас, откако Обединетото Кралство го анектирално Тристан да Куња. Карактеристично е по низа живописно обоени куќи и иако изолацијата се чини тешка, неговите жители имаат сѐ што им треба за нормален живо: супермаркет, амбуланта, уќилиште… Интернетот и телевизијата им се ограничени, но тие се навикнати на тоа.

Кога градот го оштетила вулканска ерупција во 1961 година практично населението било принудено да ги напушти своите домови, но по две години градот е обновен Подоцна го нашле разни несакани случувања (вирус на акутен грип, а немале лекови, пожар во фабриката за риби, екстремно силен циклон кој уништил повеќе градби) па така, во светот стана попознат отколку порано. Но, без оглед на сѐ, луѓето кои го населуваат, настојуваат да издржат во борбата со сѐ она што ќе ги најде.