Единаесет потенцијални дестинации за проширување на НБА во Европа

Белград – Вкупно 11 градови се истакнати како опции за идни дестинации за потенцијално проширување на кошаркарската НБА лига во Европа, јавија српските медиуми.
Според Меридијан спорт, 11 градови се Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина.
Проектот дополнително ќе биде разгледан на претстојниот лидерски состанок на НБА со учество на генералниот секретар на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Андреас Загклис.