Единаесет фудбалери повредени при удар на гром на фудбалски натпревар во Србија

За време на фудбалски натпревар доцна попладнево во Лозница (100 км западно од Белград) при удар на гром 11 играчи се полесно повредени.
Според српски медиуми, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клупци и Цер од Петковица.
Десет играчи на домашниот тим се полесно повредени, а играч на Цер е потешко повреден и е хоспитализиран.
Инцидентот се случил во моментот кога над Клупци почнало силно невреме.
Во саботата во Чешпка се случи слчен инцидент – во градот Опава гром удри за време на фудбалски тренинг на деца. Едно дете е хоспитализирано со тешки повреди додека други седум и еден возрасен се здобија со полесни повреди.