Единаесет бањски градови во Европа ставени на листата на УНЕСКО


Meѓу бањите е и Франтишкове Лазње во Чешка

Единаесет европски бањски градови заеднички добија статус на светско наследство од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, признавајќи ја нивната клучна улога во европското општество пред повеќе од сто години.

Во необично „транснационално“ барање, 11-те одморалишта кои заедно го изложија предлогот „Големите бањи на Европа“, беа колективно наградени со посакуваниот статус на светско наследство во саботата од комитетот на ООН, кој оваа година го одржува својот годишен состанок во кинескиот град Фужоу

Овие градови имаа меѓународното значење како здравствени одморалишта од крајот на 18-ти до раните 20-ти век. Ова се 11. градови кои го добија статусот: Баден-Баден, Бад Емс и Бад Кисинген во Германија; Карлови Вари, Марианске Лазње и Франтишкове Лазње во Чешка, Спа во Белгија, Виши во Франција, Монтечатини Терме во Италија, Баден во Австрија и Бат во Британија.