Единаесет американски војници во болница откако се напиле антифриз место алкохол


Единаесет  војници од воена база во тексас, САД,  се наоѓаат во болница, а двајца од нив  во критична состојба, откако се напиле антифриз мислејќи дека е виски.
Војниците  биле на десетдневна обука на терен кога се случил настанот.

Примероците земени од хоспитализираните војници покажале дека причина за нивните проблеми  било присуството на етилен гликол – поточно антифриз.

За време на обука на терен, забранета е употреба на алкохол.Голтањето антифриз може да предизвика сериозно оштетување на бубрезите, па дури и смрт.