Еди Рама урива ли урива дивоградби во Албанија


 

Албанските власти не запираат со уривањето на дивоградбите низ целата територија на државата. Премиерот Еди Рама  вели дека тоа се прави за да се уверат во ЕУ дека се почитува владеењето на правото и земјата да се интегрира побрзо во блокот.

Тој објави снимки за тоа како се уриваат дивоградби во близина на Драч и на Фејсбук напиша:

„Уривањето на дивоградбите, кое започна насекаде, не е акција, туку процес кој не само што нема да запре додека не се елиминира оваа појава, туку во наредните денови ќе биде придружен со нов пакет мерки за намалување на оваа појава, зголемувајќи ја ударната сила на законот врз виновниците и одговорните лица на различни нивоа, вклучувајќи ги ‘митаџиите’ во инспекторатите, полицијата и така натаму.

Овие слики се од операцијата започната денес во ’ртот Родонит, општина Драч, каде што уште едно чудо на природата е злоупотребено за профит од дивоградби“.