„Еден од пет милиони“: Не прифаќаме лажни избори


Протестот „Еден од пет милиони“ почна во саботата навечер пред Филозофскиот факултет во Белград. На 41. протестна прошетка се обрати шефот на советничката група на Сојузот за Србија во Собранието на Белград Никола Јовановиќ.

“Приватни извршители земаат станови на сиромаштијата. Ние сме први во корупција. Тие ги изнајмуваат работниците на лизинг како да се стока. Моето прашање е дали се согласуваме со сето ова”, рече Јовановиќ, обраќајќи се пред толпата извикувајќи: „Бојкот, бојкот“.

„Не прифаќаме лажни избори. Нема да бидеме мали завртки во механизам што е расипан. Не нѝ требаат фотелји и ресторани кога луѓето страдаат. Нема да му даваме на системот што е на умирање. Доста беше. Значи, нема да дадеме алиби на овој систем. Ние сакаме да го промениме системот и тоа е нашата порака “, додаде Јовановиќ.