Еден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАК

Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат во Македонија ќе едуцира доктори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Како што информираа од Клиниката ова е можност за сите доктори од Македонија да земат учество и да бидат дел од можностите што ќе ги понуди професорот Кипрос.
„Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја прави најголемата инвестиција за новите генерации. При денешната посета голем дел од нашите гинеколози се сретнаа со професорот Николаидес предводени од Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Проф.Д-р Ана Данева Маркова.
Покрај Проф. Д-р Николаидес Кипрос, денес на клиниката во стручна посета ни пристигнаа и еминентните професори Prof.George Makrydimas, Prof.Themistoklis Dagklis, Prof.Petya Chaveeva, Prof. Janeva Marija.
Соработката со овие еминентни професори, првенци во акушерството продолжува. Нашите пациентки го заслужуваат најдоброто за себе и своите поколенија, државата исто така. Нека науката биде спој помеѓу сите и за доброто на сите. Нека ги посместува границите за соработка и во достигнувањата кои светот ќе го направат посреќно место за живеење“, се вели во соопштението на ГАК.