Еден од кандидатите кои се спомнуваа во јавноста ќе биде гувернер на НБРМ


Фото: Б. Грданоски

Престедателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но оти јавоста ќе го дознае неговото име откако предлогот ќе биде испратен до Собранието.

– Никогаш не се кажува прво во јавноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова во изјава за новинарите по денешниот Форум за културна дипломатија, што се одржа во нејзиниот кабинет.

Таа потврди дека ќе биде некој од кандидатите кои се спомнуваат во јавоста.

Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција, се спомнуваа актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. 

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.

 Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година. 

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).