ЕЦБ подготвува големо зголемување на каматните стапки за борба против инфлацијата


 

Откако ги зголемија каматните стапки за прв пат во повеќе од 10 години на нивниот последен состанок, креаторите на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвени да воведат уште едно нагло зголемување во четврток, чија цел е борба против рекордната инфлација во Европа.

Последните податоци за инфлацијата во Европската унија покажуваат дека цените во август се зголемиле за 9,1 отсто. Имајќи го тоа на ум, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени за прв пат по 11 години во јули, со што една од клучните стапки достигна нула проценти по осум години негативни каматни стапки.

Сега се очекува ЕЦБ повторно да ги зголеми каматните стапки, но за 75 базични поени, или 0,75 отсто, што е нејзиното најголемо зголемување на единствената стапка.

Зголемувањето на стапката е неопходно за да се ублажат последиците од поскапувањето на производите, особено на енергетските производи, за кои се претпоставува дека може да има двоцифрен пораст на цените. Но, јасно е и дека зголемувањето на каматната стапка ќе предизвика „домино ефект“ и зголемување на Еуролиборот, а потоа и зголемување на каматните стапки.

Главниот европски економист на Голдман Сакс, Свен Јари Штен, ја зголеми својата прогноза за каматните стапки на ЕЦБ по најновите податоци за инфлацијата во еврозоната, предвидувајќи раст од 75 базични поени (0,75 отсто) во септември, проследен со нови 50 базични поени 0,5 отсто) следниот месец. Шефот на германската централна банка Јоаким Нагел изјави дека е неопходно силно зголемување на каматните стапки

По жешките бројки за инфлацијата во август, влијателниот шеф на германската централна банка, Јоаким Нагел, изјави дека на ЕЦБ и треба „силно зголемување на каматните стапки во септември“, но и дека очекува растот да продолжи во наредните месеци.