Е-капитолијада на Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ за првоаприлски насмевки


Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ и „Капитол мол“ почна кампања за изработка на екомаски од електричен отпад. 

Во изборот на најдобра екомаска може да учествуваат сите деца од градинките и училиштата  од Општина Аеродром.

Задача на учесниците е да изработат индивидуална креативна маска во која ќе вклучат најмалку три стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената екомаска треба да се испрати во директна порака на фејсбук-профилот на „Капитол мол“, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 1 април 2021 до 16 часот.

За најдобрите три маски „Нула отпад“ обезбеди награди. Прва награда „канон“ фотоапарат, втора награда паметен часовник и трета награда за најлајкувана фотографија на социјалните мрежи на „Капитол мол“ (Фејсбук и Инстаграм) – гејмерски сет (слушалки, тастатура и глувче).

За категоријата најлајкувана фотографија важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 3 април – 12 часот.

 Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 5 април во 12 часот.

Целта на оваа активност е подигнување на свеста за селекција и рециклирање на опасниот отпад, како и заштита на животната средина.