ДЗС: Потребна е максимална одговорност на граѓаните, општините и институциите поради пожарите
-Во исто време, упатувам апел до градоначалниците и единиците на локална самоуправа, да ги мобилизираат сите свои персонални и материјални ресурси, со цел превентивно и оперативно дејствување. Општините по претходно направена проценка, да вклучат и волонтери во справувањето со огнената стихија, наведува Џаферски во писмното соопштени до медиумите.
Директорот повикува и надлежните институции максимално да се вклучат и бескомпромисно да ги спроведуваат своите законски надлежности.