ДЗС: Ќе се посетат сите критични точки за заштита од поплави
Дирекцијата за заштита и спасување организирано со субјектите од системот за заштита и спасување презема мерки и активности за превентивно делување за заштита од поплави. За таа цел донесени се заклучоци, межу кои и за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави.
Како што информираат од Дирекцијата, во таа насока веќе се спроведе Координативен состанок со надлежните институции за превенција од можни поплави во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување, по иницијатива на директорот Џеват Селами со директорот на А.Д. Водостопанство, Филип Филиповски, директорот на Управата за хидрометеролошки работи, Игор Лазаровски и претставници на институциите.
-Од состанокот произлегоа конкретни заклучоци за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави. Првенствено во заедничка тимска активност, согласно оперативните планови ќе бидат посетени сите критични точки низ држават и извидување на состојбата на терен каде досега се евидентирани можни појави на поплави.
Директорот на Дирекција за заштита и спасување ги задолжи сите подрачни одделенија за заштита и спасување при ДЗС да реализираат координативни состаноци со сите субјекти на локално ниво, каде прецизно ќе бидат договорени и превземени активности за сезоната која следи, се вели во денешното соопштение.
Следната активност е Кампања под мото „Превенција и подготвеност за опасноста ПОПЛАВА’’. Вработени од Дирекцијата за заштита и спасување од 18 септември започнаа со организирана превентивна активност на критичните региони каде во изминатиот период имало појава на поплави, преку спроведување на едукација, информирање и подигнување на свеста за заштита од заканите од поплави со предавање пред наставниот кадар и најранливата категорија-децата во основните училишта.
-Согласно планот и динамиката целта на кампањата е пред ученици на основните училишта да се презентираат основни пораки за тоа како да се однесуваме во случај на поплава и што треба да се направи. Се распределуваат прирачници и безбедносни совети за најмладите како да се постапи пред, за време и по поплавите. Дирекцијата за заштита и спасување континуирано ќе продолжи со кампањата согласно подготвениот План и динамика за намалување на заканите од поплави се до опфаќање на повеќе училишта во државата, вклучувајќи ги и критичните подрачја во градските и руралните средини, велат од ДЗС.
Со исклучително сериозен пристап Дирекцијата за заштита и спасување организира координирана активност за извидување на терен и констатирање на моменталната состојба на речните корита и утврдување на критичните точки со засегнатите субјекти со најзначајниот сегмент на системот за заштита и спасување единиците на локалната самоуправа и водостопанствата на подрачјето на своето дејствување.
ОД ДЗС информираат дека во таа насока денес се одржа првиот состанок со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски со цел преземање на превентивна подготвителна активност за заштита од поплави низ територијата на државата.