ДЗР: Речиси 2,1 милион евра ДИК дала за политичко рекламирање место за изборни активности
Над 129 милиони денари од буџетот наменет за изборни активности биле пренасочени кон трошоци за политичко рекламирање, покажува ревизијата за работењето на Државната изборна комисија за 2024 година.
Според наодите, распределбата на средствата не била во согласност со законски утврдениот сооднос, што укажува на отстапувања во планирањето и реализацијата на буџетот.
Извршената анализа на податоците презентирани во табелата покажуваат дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не е согласно членот 88 од Изборниот законик. Имено, при планирањето наместо 33,33% од средствата на оваа програма да бидат наменети за надомест на трошоците на учесниците во изборната кампања за платено политичко рекламирање, планирани се 50% од средствата, додека за останати изборни дејствија наместо 66,67% планирани се 50% од средствата. Во одобрените буџетски средства за програмата, средствата за платено политичко рекламирање учествуваат со 43%, а средствата за останати изборни дејствија учествуваат со 57%.
Ваквата состојба има за ефект прелевање на 129.453 илјади денари наменети заостанати изборни дејствија, за исплата на трошоци за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.
– пописот на средствата и обврските не е извршен на начин пропишан со
законските и подзаконските акти;
– не е извршена процена на вредноста на дел од недвижностите;
– планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во
2024 година не се врши согласно законски утврдениот сооднос;
– ненавремено и некомплетно доставување на потребната документација за
трошоците за спроведените изборни дејствија на изборните органи;
– не е назначен генерален секретар;
– набавени се стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка и
– недоследна примена на одредбите од Законот за јавни набавки при набавка
на софтверско решение за сумирање и објава на изборни резултати.
Овој наод е дел од пошироките забелешки за системски слабости во финансиското управување, при што ревизијата дава препораки за појасно уредување на моделот за финансирање на изборите и доследно почитување на законските одредби во иднина.
Целосната ревизија за работата на ДИК може да ја читате на следниот ЛИНК.