Џозеф: Руските цели на Балканот се обезбедени и без војна


Едвард Џозеф (Фото: Б. Грданоски)
 

Тој смета исто така дека  руското влијание е закана за евроинтегративниот процес на Македонија и на земјите од Западен Балкан.

-Ова прашање во Бугарија на екстремен национализам е рефлексија и многу потсетува на тоа што Русија прави во Украина. Размислете за тоа. Русија и Путин особено како ја нарекува Украина – Вештачка земја и неговиот став е „Не сме многу помоќни, а Вие сте помалку моќни. Вие сте вештачка земја. Вие всушност сте Руси на некој начин. Вашиот идентитет не постои тој е вештачки“.Имаме сличен пристап, не со сила, но исто така со користење на моќ. Бугарија ја експлоатира моќта како земја членка на ЕУ да каже Вие сте вештачка земја во суштина. Вие сте вештачка земја и Вие сте само југословенска вештачка творба, но вашиот јазик и историја е базиран на нашиот бугарски идентитет и ние сме помоќни од вас. Што е разликата. Пристапот е ист, а различна е тактиката. Но, истиот пристап не се европските вредности, вели Џозеф.

Според него  руското влијание и руските цели се задоволени и без војна и дека Путин не победува на Балканот само ако има нова војна.

-Не , Путин победува со овој статус кво. Путин победува со одржувањето нестабилност. Не, замрзнати, туку нестабилни во овие услови кога ништо не оди напред, туку се движи назад. Тоа е победа. Путин вели видете го ова ЕУ и САД не може ни да го средат овој хаос. Луѓето губат интерес. Тие стануваат сочувствителни и плус мора да се потсетиме дека има и друг начин. Мора да го потенцирам ова дека Владимир Путин победува кога неговите сојузници како Александар Вучиќ и Румен Радев победуваат. Така што кога тие се силни тогаш тој победува. Србија е единствената земја во Европа која се уште не ставила санкции врз Русија. Ова е победа. Ер Србија лета за Москва. Ова е победа. Путин треба да биде изолиран, а Србија не го изолира. Министерот за надворешни работи ќе се сретне со Лавров. Тоа е планот. Така што ова е само манипулација во име на Путин и е уште еден начин кога Путин победува, вели Џозеф.