Џонсон именуваше министер за распределба на вакцината против Ковид-19


Фото: express.co.uk

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го именуваше Надхим Захави за министер одговорен за распределба на ваквината против новиот коронавирус.

Захави е секретар за бизнис, а со новата функција ќе го известува британскиот министер за здравство Мет Хенкок и првенствено ќе биде фокусиран на распределбата на вакцината, а ќе задржи и некои одговорности во Министерството за бизнис.

Новиот ангажман на Захави е привремен и ќе трае најмалку до следното лето.