Џон Малкович ќе одржи прес во Охрид пред утрешната претстава


Американскиот актер со хрватски корени Џон Малкович (69) доаѓа на 63. „Охридско лето“ како ексклузивен гостин , на 26 јули ќе настапи во претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, во режија на Михаел Штурминген, на магичната сцена на Антички театар, како дел од европската турнеја. Диригент е Мартин Хаселбок, солисти: Чен Реис – сопран и Сузан Лангбејн – сопран и оркестарот Wiener Akademie. 

„Пеколна комедија …“ е автобиографија на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер изведена на сцена. Унтервегер бил затворен за убиство, но станал поет и писател додека ја отслужувал казната; Со помош на интелектуалците и политичарите на крајот бил помилуван, тврдејќи дека тој е пример за „рехабилитација“. Откако беше ослободен, Унтервегер стана новинар и баран предавач.  Фатен и повторно осуден, си го одзел животот.

Малкович, денес, во хотелот Инекс Олгица, ќе одржи прес-конференција посветена на Американската вечер на „Охридско лето“. По Охрид, доаѓа во Скопје, каде во негова чест ќе биде организирана бизнис-уметничка вечера, откако актерот, продуцент и режисер најави дека во Македонија ќе гради филмски студија.

 

Џон Гавин Малкович е американски актер, режисер и продуцент. Роден на 9 декември 1953 година во Кристофер, Илиноис, неговите баба и дедо потекнуваат од хрватското село Озаљ во близина на Карловац, додека неговата мајка е со шкотско/германско потекло. Успехот на Малкович најпрво е забележан на театарската сцена, а во 1999 година тој се прикажува себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“. Двапати е номиниран за Оскар за неговите изведби во „Места во срцето“ и „Во линијата на огнот“. Беше номиниран за наградата БАФТА и за три награди Годен глобус. Малкович глумеше во над 70 филмски филмови.

Познат е по улогите во The Killing Fields (1984), Empire of the Sun (1987), Dangerous Liaisons (1988), Of Mice and Men (1992), Con Air (1997), Rounders (1998), Being John Malkovich (1999), Shadow of the Vampire (2000).

Со актерката Моника Белучи

Освен како актер се остварил и како режисер. Во 2003-та година го основал модниот бренд Mrs. Mudd. Има свои ресторани во Лисабон. Во периодот од 1982-та до 1988-та година бил во брак со актерката Глен Хедли со која се развел откако имал афера со Мишел Фајфер. Во 1989-та година почнал да се гледа со Николета Пејран, со која доби две деца, Амандин и Луи и со која сѐ уште е заедно.

Во 2008-ма година Џон беше во центарот на јавноста откако ја загуби животната заштеда во финасискиот скандал Медоф. Во интервју тој кажа дека не знае колку точно пари изгубил, но проценките се дека останал со 50 милиони долари помалку. (Л.С.)