Џон Малкович ќе биде прогласен за почесен доктор на универзитетот Еуро Прима
Славниот холивудски актер Џон Малкови, вечерва, на свечена вечера, во Скопје ќе биде прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други.
Синоќа, брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“, која предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката на Антички, сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната фестивалска историја на „Охридско лето“. Во авторство и во режија на Михаел Штурмингер, ова несекојдневно уметничко остварување, музички придружено од сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија, ја спои класичната музика со драмската уметност и актерството.
По Охрид, Малкович денес е во Скопје, каде во негова чест ќе биде организирана бизнис-уметничка вечера, откако тој лани најави дека во Македонија ќе гради филмски студија.
Џон Гавин Малкович е американски актер, режисер и продуцент. Роден на 9 декември 1953 година во Кристофер, Илиноис, неговите баба и дедо потекнуваат од хрватското село Озаљ во близина на Карловац, додека неговата мајка е со шкотско/германско потекло. Успехот на Малкович најпрво е забележан на театарската сцена, а во 1999 година тој се прикажува себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“. Двапати е номиниран за Оскар за неговите изведби во „Места во срцето“ и „Во линијата на огнот“. Беше номиниран за наградата БАФТА и за три награди Годен глобус. Малкович глумеше во над 70 филмски филмови.