Џон Бон Џови убедил жена да не се фрли во смрт од мост во Нешвил


 

Славниот рокер Џон Бон Џови и асистент за видео продукција убедија жена која стоеше на работ на пешачкиот мост во Нешвил, САД, да се врати на безбедно преку оградата.

Полицијата соопшти дека средбата се случила во вторникот на пешачкиот мост Зајгенталер, кој се протега на реката Камберленд.

Бон Џови снима спот на мостот, кој остана отворен за јавноста за време на снимањето.

На видеото кое беше објавено на Јутјуб, но подоцна отстрането, се гледа како асистентот разговара со жената. Пејачот полека се приближи, ѝ мавна на жената и се вклучи во разговорот.

На крајот жената се сврте за да се соочи со двајцата, а тие ѝ помогнаа преку оградата да стигне на безбедно. Бон Џови разговарал со жената и ја прегрнал.

Претставник на пејачот рече дека Бон Џови нема да го коментира инцидентот.