Полицијата објави фотографии од куќата на Хекман и Бетси, сцените се шокантни (видео)

Лекови, книги, кеси со намирници и куп облека насекаде – полицијата од Санта Фе објави фотографии од домот на Џин Хакман и сопругата Бетси кои живееле целосно изолирани и не сакале да најмат хигиеничари или каква било послуга во огромната куќа во која починаа.
Џин и Бетси живееја во огромна милионска куќа, а сите простории што се фотографирани се во хаос. Книги, лекови, продукти за хигиена, кутии и купишта облека можат да се видат во секоја соба.
Гардероберот е преполн со облека која е закачена, но има и облека и на подот, на столови, во други соби…Хаос владее и во кујната каде што има и хартиени кеси полни со продукти од пазарење. Некои делови од куќата делуваат посредено, но главно во сите соби има бројни расфрлани предмети.
Како причина за смртта на Бетси е наведена зараза со вирус кој го пренесуваат стаорци.
Претходно беше соопштено дека на имотот имало стаорци, но сега надлежните откриваат дека во главната куќа каде што живеел парот, и покрај хаосот, сепак немало наезда на стаорци или какви било паразити. Но, најверојатно Бетси се заразила на друг дел од имотот, се претпоставува во гаражата.
Актерот, од друга страна, имал влошено здравје и Алцхајмерова болест во напредна фаза, па тоа се меѓу главните фактори за неговата смрт. Надлежните претпоставуваат дека прво починала Бетси, а по една недела и Џин бидејќи не бил во состојба самиот да се грижи за себе.
Парот се грижел и за три кучиња, од кои едното беше пронајдено мртво со нив, најверојатно поради дехидратација и глад, бидејќи било заробено во куќата.
Околу два месеца по мистериозната смрт, актерот џин Хакман и неговата сопруга Бетси Аракава беа погребани. Семејството организирало приватна церемонија во Санта Фе, Ново Мексико – градот каде што парот и живееше.
Децата на Хекман од претходниот брак не го виделе татка си една ипол година пред смртта. Легендарниот актер остави наследство од 80 милиони долари.