Џими Картер примен во болница во Атланта поради мозочен удар
Поранешниот американски претседател Џими Картер е примен во болница во Атланта заради крварење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање, пренесоа британските медиуми.
Картер (95), највозрасниот жив поранешен американски претседател, пред три недели беше примен во универзитетската болница во Емори, откако претрпел лесна фрактура при пад во својот дом во Пленс, во сојузната држава Џорџија. Тој беше пуштен од болница неколку дена по инцидентот.
Поранешниот претседател во мај, исто така, во својот дом, ја скрши карлицата, по што мораше да бидеопериран. Во 2017 година тој кусо време беше примен во болница заради дехидратација, додека во 2015 година му беше дијагностициран рак на кожата.
Нема информација за околностите кои довеле до неговата последна хоспитализација.