Џејн Фонда ја гаѓаше режисерката со наградата на церемонијата во Кан


Видеото со актерката Џејн Фонда како фрла по режисерката Џастин Триет на Канскиот филмски фестивал по доделувањето на наградата ги преплави социјалните мрежи.

На затворањето на Канскиот фестивал, Фонда имаше задача да ја додели наградата за најдобар филм, што и го направи, но особено внимание привлече потегот што следуваше.

Имено, Џастин Триет ја доби Златната палма за филмот „Анатомија на падот“, а откако одржа говор – заборави да ја земе наградата.

Фонда се обиде да и довикне, но безуспешно. Сепак, 86-годишната актерка најде начин да ѝ го сврти вниманието.

Губејќи ги нервите, таа го зеде наградниот свиток и ја погоди Триет право во грб. Видеото од овој потег веднаш стана хит на интернет.

Многумина, знаејќи ја смислата за хумор на актерката, заклучија дека и ова е шега, а самата Триет не реагирала откако била „удрена“.