Џеј Зи ослободен од обвинението за силување на 13-годишно девојче, се огласи и раперот
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/07/bijonse-i-jay-z.jpg)
Обвинувањата против Џеј Зи дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година заедно со уапсениот рапер Шон Диди Комбс се отфрлени.
– Ова е победа. „Измислената приказна беше смешна. Не би сакал некој да помине низ ова искуство“, изјави тој.
Џеј Зи ги спомна и последиците што овој случај ги има врз неговото семејство, неговата сопруга Бијонсе и нивните деца. „Траумата низ која поминавме мојата сопруга, децата, најблиските и јас никогаш не може да се игнорира или заборава“, рече тој.
„Судот мора да ги заштити жртвите, се разбира, но со истата етичка одговорност, судовите мора да ги заштитат оние невини луѓе кои се обвинети без ниту еден доказ. Нека надвладее вистината за сите жртви, но и за оние кои се лажно обвинети“, заклучува Џеј Зи.
Што беше наведено во тужбата?
За потсетување, во тужбата поднесена во декември 2024 година, анонимен тужител изјави дека Џеј Зи и Диди ја силувале откако возачот ја однел на последователната забава на MTV Video Music Awards. Тужбата ја поднесе Тони Базби, адвокат од Тексас, кој одби да ги коментира наводите. Џеј Зи тогаш ги нарече обвинувањата „идиотски“ и го обвини адвокатот за непрофесионално однесување.
Девојката тврдела дека наводно и понудиле пијалок по што се чувствувала „поспана, лесна и требала да легне“ и отишла во својата соба да се одмори. Набргу потоа, во тужбата се тврди дека Комбс и Џеј Зи влегле во собата, а Комбс рекол: „Спремни сте за забава“. Потоа, според неа, Џеј Зи се соблекол, ја држел и ја силувал додека Комбс и позната жена гледале. Таа тврди дека Комбс исто така ја силувал додека Џеј Зи и жената гледале.
„Овие наводи се толку грозоморни што ве замолувам да поднесете кривична пријава, а не граѓанска. Кој би направил вакво кривично дело против малолетно лице нека биде затворен, не се согласувате? – изјави Џеј Зи во изјава за NBC News. „Овие наводни жртви заслужуваат вистинска правда, ако е така“, додаде тој. Базби поднесе неколку тужби против Диди за силување и напад во последните месеци. Ова беше прва тужба во која се споменува друго име.