Џафери нема да свика денеска седница за пакетот со помош
Премиерот Зоран Заев во текот на денот треба да оствари средба со Талат Џафери и Али Ахмети на која ќе се разговара за блокадата на Собранието. Џафери на брифингот со новинарите, рече дека за денеска не може да свика нова седница затоа што има пратенички прашања. За да се одржи посебна седница Владата треба да достави нови материјали.
Со ВМРО – ДПМНЕ тој и натаму не сака да се сретне затоа што не сака да разговара за ултимативни прашања. Спикерот вели дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски го дал истиот ултимативен предлог како и координаторот Никола Мицевски во понеделникот, кога тој ги одложи на неодредено време пленарните седници, додека мнозинството не обезбеди кворум.
Во однос на најавата на премиерот за вонредна состојба Џафери рече дека тоа во овој момент не тееба да се размислува за тоа бидејќи таа не може да се реализира од причини што за нејзино прогласување потребно е 2/3мнозинство.