Џафери ја отфрли иницијативата за референдум како спротивна на Уставот
Според образложението, меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон

Спикерот на Парламентот, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за референдум за потпишување на договорот со Бугарија од 2017 година, зад која стои потписот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според образложанието, иницијативата не е во согласност со Членот 118 на Уставот на Македонија, како и со со Членот 8, Став 1 и Алинеја 11 , односно иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.
Според Членот 8, според Џафери, е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на РСМ е и почитување на општоприфатените норми на меѓународното право.
„Поради горенаведеното граѓанската иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво“, порачува Џафери во одговорот до Мицкоски.
ВМРО ДПМНЕ најави дека, ако има забелешки во текстот, подготвена е да ги отстрани. Иницијативата е поднесена до претседателот на собранието, без да се именува за која институција станува збор. ВМРО-ДПМНЕ предложи референдум со прашањето „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година)“.