Џафери: Да ја надминеме пандемијата и да тргнеме кон ЕУ во 2021

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати видео честитка до граѓаните на земјава за новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план.
Џафери посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.