Две титули за Македонија на изборот за Мис Европа 2025


 Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци, во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, го освоија 6-то место, односно титулата 5-та придружничка (5th RunnerUp), и титулата Miss BEST COSTUME на изборот за Мис Европа 2025 во Бејрут, Либан.

Победничка е претставничката на Русија, Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција.

Двете наши девојки се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот.

Финалето се одржа во прекрасниот клуб Куора во Бејрут, во организација на либанската агенција Style Events Organization, која веќе 20 години е организатор на изборот за Мис Европа.

Јулијана остана во Бејрут каде во иста организација следи изборот за WORLD NEXT TOP MODEL 2025, на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија.

Мики Црнокрак со убавиците на изборот во Бејрут