Дванаесет луѓе пронајдени мртви во скијачки центар во Грузија
Дванаесет луѓе починале во скијачки центар во Грузија и властите кажаа дека жртвите се отруле со јаглерод моноксид. Телата на 11 странски државјани и еден Грузиец се пронајдени во спалните соби над индиски ресторан во зимскиот центар Гудаури на северот на земјата.Гудаури е најголемиот и највисок скијачки центар во Грузија.
Се верува дека странските државјани работеле во ресторанот.
„Првичните тестови не открија никакви траги на насилство на телата. Се чини дека станува збор на несреќа“, соопшти полицијата.
Се верува дека трагедијата била предизвикана од генератор кој бил ставен во просторот за спиење откако вчера снемало струја во ресторанот.