Двајца возачи имаат 40 забрани за возење, 55.000 со барем една
МВР објави статистика за најекстремните прекршители на сообраќајните правила.
Па така, во последните 4 години, на над 55.000 возачи им била изречена најмалку една забрана за возење, од нив 677 возачи имале по четири забрани, 291 возач по пет забрани, а двајца рекордери собрале дури по 40 забрани за возење.
За повеќето од овие лица, според новиот Закон за сообраќајни прекршоци, е предвидено одземање на важењето на возачката дозвола.