Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Двајца припадници на Армијата се повредни по пожар кој денеска околу 14 часот се случил во тетовската касарна, според првичнните информации од Територијалната противпожарна единица Тетово.
-Интервенирано е со седум пожарникари, со два камиони и едно теренско возило за специјални интервенции, по што пожарот е локализиран за половина час. Двајцата повредени се обиделе да интервенираат, по што се однесени во Тетовската болница, информира Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.