Дваесет млади пациенти на Инфективна примиле од скапите анти-ковид ампули со кои се лекуваше и Доналд Трамп


Фото: Б. Грданоски

Терапијата за лекување ковид која се прослави откако екс претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ја примал и се излекувал со неа – моноклонални антитела – предизвика огромно внимание во земјава.

Нашто Министерство за здравство ги набави овие ампули на средината на летото и истите беа дистрибуирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, во континуиран ладен синџир.

Ампулите се скапи, околу 2 илјади евра во доза и бараат посебни услови за чување, мерење на температурата и  во земјава единствено ги има на Инфективната клиника.

 

– Моноклоналните антитела се антитела кои се даваат кај пациенти со ковид кои не развиле клинички слики, не се кислородно зависни, а притоа имаат сериозни коморбидитети за фатален исход од болеста. Досега на Инфективната клиника ја аплициравме кај млади пациенти со акутни хематолошки заболувања, со трансплантации како хематолошки и други, однносно кај пациенти со малигна болест на почеток, а не во терминален стадиум. Кога им се аплицираше оваа терапија симптомите останаа многу слаби и не развија тешка болест. Досега сме ја дале оваа терапија кај дваесетина луѓе, изјави директорката на Инфективната клиника, д-р  Милена Стевановиќ за „Слободен печат“.