Два НБА натпревара во Европа


НБА лигата соопшти дека два натпревара од регуларниот дел од новата сезона ќе се играат во Европа. Во јануари 2026 година Мемфис и Орландо ќе одиграат еден натпревар во Берлин – 15.јануари и на 18.јануари во Лондон. 

Натпреварите ќе се играат во Убер Арената во Берлин и во О2 Арената во Лондон. Воедно раководството на лигата објави дека два натпревара во сезоната 2026/2027 ќе се играат во Манчестер и во Париз (јануари 2027) и во Берлин и во Париз во јануари 2028 година. 

Не е првпат овие градови од Европа да бидат домаќини на натпревари меѓу екипи од НБА лигата, како од регуларниот дел на сезоната, така и пријателски пред почетокот на сезоната.