Два дена пред крајот на кампањата Уставниот суд ќе решава за преставката на Левица


Два дена пред крајот на кампањата за локалните избори, која завршува на 17 октомври, Уставниот суд ќе расправа за иницијативата на Левица за спорното упатство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кое ја исклучува оваа партија од политичкото рекламирање.

– Иницијативата на Левица за упатството ќе биде ставена на следната седница на Уставниот суд, на 15 октомври – соопшти Судот.

Уставниот суд оформи предмет по поднесената иницијатива на Левица со која бара Судот да го поништи Упатството за радиодифузерите за локалните избори на АВМУ според кое оваа партија останува исклучена од можноста за платено политичко рекламирање, и покрај тоа што има шест пратеника во Собранието.

Левица бара од Судот да донесе и итна времена мерка веднаш вон сила да се стави упатството на АВМУ.