Два дена откако изгуби на изборите Мило Ѓукановиќ доби наредба да урне две негови дивоградби
Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план.
Таа партија до медиумите ја достави одлуката за уривање на објекти од 170 и 89 метри квадратни, а се огласи и УРА на премиерот во технички мандат на Дритан Абазовиќ.
„Урбанистичката и градежната инспекција на Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на чело со министерката Ана Новаковиќ Ѓуровиќ денеска (вторник) донесе решение со кое на субјектот Мило Ѓукановиќ му наложи да урне два бесправно изградени објекта во КО (катастарска општина) Кочани во Никшиќ објави УРА на Твитер.
Во решението, рокот за извршување на таа наредба е 20 дена од денот на приемот, а доколку Ѓукановиќ во тој рок не ги урне тие објекти, тоа ќе го направи државата на негова сметка. зш/