Два дена нема трага од Ел Чека
Лицето Ел Чека веќе два дена не објавува бомби во социјалните мрежи. Ако пребарувате на Фејсбук нема да можете да го најдето неговиот профил.
Чека неколку дена по ред освен ,,бомбите“ напишал бројни статуси за претставниците на ДУИ .
Тој за да престане со објавата на преслушуваните материали побара меѓународна истрага за случајот Куманово.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера рече дека не ги слушал прислушуваните материјали, ги смета за „утринска слана која бргу ќе исчезне“, ама реши да зборува за нив на роденденот на партијата.
„Не ги слушнав прислушуваните материјали ниту, пак, ќе ги слушнам. Таму не се објавуваат официјални туку приватни разговори, залудни работи. Тоа се прислушувани разговори кои се продаваат на Бит-пазар. Тоа е утринска слана која бргу ќе исчезне. Луѓето не треба да се занимаваат со вакви глупости. Патот што го избрале другите партии не ги води никаде. Со овие клевети ДУИ ќе живее уште 100 години бидејќи противниците не се достојни“, рече Ахмети нагласувајќи дека судството треба да се справи со случајот и дека оваа држава има потреба за правда и не треба да се молчи пред овие работи.